67-годишен стружанец во семејна расправија ја нападнал својата сопруга и и нанел телесни повреди. Расправијата се случила на 12-ти октомври, кога во семејниот дом во Струга, пријавениот најпрво предизвикал жестока расправија со неговата сопруга.
– Во момент на нагасена агресивност, сега пријавениот физички ја нападнал сопругата, удирајќи ја со стаклен пепелник по главата и по другите делови од телото, пришто и нанесол телесни повреди. Таа, набрзо побарала лекарска помош во Општата болница во Струга, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Против стружанецот поднесена е кривична пријава поради основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“.
OhridNews












