Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „спречување на службено лице при вршење на службено дејствие“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 54- годишен стружанец.
– На дванаесетти минатиот месец, пријавениот извршил физички напад врз полициски службеник од полициската станица во Струга, нанесувајќи му удари со раце и нозе во пределот на телото и вратот. Настанот се случил во угостителски објект во Струга околу 16 часот, каде лицето во алкохолизирана состојба со нож упатил закани по животот на сопственикот на ресторантот и започнал да го оштетува инвентарот. По пријавување на сопственикот а со цел спречување на јавниот ред и мир и оштетувањата, интервенирале полициските службеници. При обид за приведување, пријавениот давал активен отпор,а во еден момент и физички нападнал полициски службеник ударајќи го со раце и нозе во пределот на телото и вратот, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Набрзо, лицето е приведено во полициската станица каде е извршено алкотестирање.
OhridNews