ПС Струга поднесе кривична пријава против 25-жител на Струга за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Во август во Струга при преглед кај пријавениот биле пронајдени 0,3 грама мешавина од тутун и марихуана, што претходно ја набавил од лице од Струга за лична употреба.