Само два гола во 30 минути игра постигнаа струшките ракометари на мечот со Борец во првото коло од 39. ракометен меѓународен турнир што се игра на теренот “ Женска плажа“ во Струга.


Борец беше убедлив во мечот кој по првиот дел беше 21-2, за да на крајот заврши 45-12. Најнеизвесниот натпревар го одиграа екипите на Спартак и
Младинската репрезентација на Труција кој заврши со 24-21(11-11) во
корист на гостите од Турција

Бранителот на трофејот битолски Пелистер беше убедлив против Металруг Јуниор забележувајќи висока победа со 35-16 (16-5). За чкембарите потребна е уште една победа против Обилиќ за влез во финалето в сабота.

Денес на програмата:
17.30 Металург Јуниор – Обилиќ
19.00 Спартак – Струга
21.00 Борец – Младинска репрезентација на Турција

Петок
17.30 Струга – Млдадинска репрезентација на Турција
19.00 Пелистер – Обилиќ
21.00 Борец – Спартак

М.П.