Црвениот крст од Струга денес организира голема крводарителска акција на која сите стружани и гостите можат да ја покажат својата хуманост и да даруваат од драгоцената течност.

Акцијата ќе се одржи во периодот од 10 до 17 часот во клубот “Адмирал” наспроти Домот на културата “Браќа Миладиновци” во Струга.

Организаторите за сите хумани луѓе кои ќе даруваат крв обезбедија и скромен подарок.

Ohridnews