Неколку илјади стружани попладнево се собраа во центарот на градот да ги пречекаат чевторица ракометни “мускетари“. Наум Мојсоски, Аце Јоноски, Велко Маркоски и Златко Мојсоски беа дочекани како што им доликува на едни ракометни великани. Насобраните ракометни фанови ги им посакаа добредојде со навивачката химна “Македонија навива за вас“ , а потоа од бината ракометарите заедно ја испеаа анталогиската “Излези Момче“. Медали и признанија добија од Организациониот Одбор кој се погрижи “спектаклот“ да изгледа беспрекорно.
 









Струга им се заблагодари на четворицата “ мускетари“

Фото Емилио
М.Постоловски