Стружани го ставаат на стенд бај најавениот протест против урбанистичките планови
12.05.12 00:06
Поради сложената политичко-безбедносна ситуација во која се наоѓа државата, а со цел зачувување на мирниот соживот во Струга, како ки заради последните збиднувања во повеќе градови на Р.Македонија, протестот закажан за 13 мај 2012 год. против измените на урбанистичките планови за централното градско подрачје, се одлага на неодрдено време, соопшти организаторот.
Оттаму информираат дека за евентуални активносто во иднина јавноста ќе биде дополнително информирана.
Советот на општина Струга неодамна го изгласа Нацрт ДУП за крајбрежјето, што предизвика лавина реакции во јавноста која стравува дека тоа е вовед во уништување на најатрактивното земјиште во центарот на градот. Планот предизвика реакции и од политичките партии, како и промени во раководството на огранокот на социјалдемократите чии советници го поддржаа оспоруваниот план.
Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко тврди дека Нацрт ДУП општината го донела на барање на Министерството за транспорт и врски и дека тој е изготвен согласно законот и ГУП. Истиот, како што појасни Мерко бил оспорен од Министерството за животна средина поради нарушување на крајбрежниот појас каде во длабочибна од 50 метри е забранета секаква градба, а проблем претставува и магистралата која поминуваа низ заштитената зона.
Мерко укажува дека предложената не е конечна верзија на планот и уверува дека во него ќе бидат вградени сите забелешки на граѓаните и засегнатите субјекти.
-Анкетата сигурно ќе го даде крајното мислење и доколку има многу забелешки може овој план да го повлечеме и да побараме нови решенија, рече Мерко.
Тој не ја исклучува и можноста за измени во Генералниот урбанистилки план со цел непречена реализација на оспоруваниот ДУП кој предвидува изградба на повеќе хотелски капацитети и комерцијални објекти на струшкото крајбрежје.
Општина Охрид подготви богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници На 31-ви декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во пресрет на дочекот на Новата 2026 годин...
Гинеколошката ординација на д-р Владо Устијаноски, специјалист по гинекологија и акушерство, одбележува една година од своето основање, период исполнет со професионална посветеност, континуирана гр...
Утре премиерно ќе биде изведена тетарската претстава „Генијална идеја“ на Народен Театар Охрид во малата сала на НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид со почеток во 20 часот Претставата е по...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.