Струшките ракометари со нескриен оптимизам доаѓаат во Спортската арена “Билјанини Извори“, каде се надеваат оти можат да го изненадат домаќинот Охрид. Во текот на подготовките тимот  имал одредени потешкотии , но подготовен е да изненади, велат од клубот.


– И покрај тоа што имавме прекин во подготовките поради технички проблеми во спортската сала за натрпеварот со РК Охрид екипата е подготвена и ќе одиме на победа – вели Наум Угреновиќ.

Струшкиот тим во текот на паузата претпре измени во играчкиот кадар. Во екипата има неколку повратници вратија, и добар дел млади ракометари .

– За пролетниот дел од првенството се засиливме со играчи кои настапуваа за други клубови (Костески Никола, Костески Крсте и Белески Бојан) и со играчи кои беа пасивни, односно не настапуваа никаде, а се млади и можат да допринесат за успех на ракометниот клуб (Стојаноски Гоце, Тасески Бојан, Мандоски Кирил и Угреновиќ Јованчо) – велат од клубот.

Амбициите на струшкиот ракометен клуб во шампионатот се пласман што повисоко на табелата како и враќање на  сјајот на ракометот и имиџот на Струга како расадник на квалитетни ракометни играчи и идни репрезентативци.

М.П.