Конкурсот за доделување на наградите „Крсте Чачанки“ за необјавена збирка раскази и „Јован Котески“ за необјавена поетска збирка, е распишан деновие од страна на струшкото Здружение за литература, култура и наука „Бран“ и списанието „Бранувања“.

Жири комисијата соствена од писатели, ќе ги избира првонаградените збирки, а конкурсот е отворен до 20-ти април идната година. Своите трудови, авторите треба да ги испратат во три примероци на адресата „Нико Нестор“ број 22 Струга, со назнака за конкурсот.
Инаку, со овие две наградати досега се стекнале Трајче Коцарев, Санде Стојчевски, Христо Петрески и Милован Стефановски.
OhridNews












