Општина  Струга  во соработка со Швајцарската Агенција за развој и соработка  започна со реализација на програмата „Форуми во зедниците“.

Првата форумска сесија во општина Струга ќе се организира на 27- ми септември, четврток, со почеток во 12 часот во холот на Основното училиште „Браќа Миладиновци’ . Темата на форумите е „Управувањето со отпадот во Струга“.

На заедничката средба се очекува да биде предложена проектна активност со која ќе се подобри хигиената и изгледот на Струга, која ќе биде финансирана со заеднички средства на партнерите.

OhridNews