Жителите и туристите во Струга следните четири денови ќе можат да уживаат во ракометните мајсторите на екипите учесници на 41-то издание на меѓународниот ракометен турнир „Струга 2013“. Летната сезона која не ги даде посакуваните резултати може да биде „извадена“ со турнирот, кој пројави голем интерес кај граѓаните и туристите.
– Не сум дојден стриктно поради турнирот во ракомето, но кога ме информираа дека има пројавив голем интерес. Ги познавам повеќето ракометари на Металург и Вардар, а најомилен ми е Дарко Станиќ – рече гостин од Србија, кој одмара во Струга.
Мештаните во градот домаќин секако дека ќе навиваат за Струга, но не ги кријат симпатиите кон Металург каде настапуваат дури седум ракометари со струшко потекло.
– Ние на турнирот имаме два преставници. Прва ни е екипата на Струга, која по подолго време обезбеди влез во Супер лигата и струшките ракометари кои настапуваат во Металург. Сакам да гледам добар ракомет и се надевам дека следната година на турнирот ќе настапат уште поквалитетни екипи – посочи граѓанин од Струга.
Мх.П.













