Стружани ќе може да пријават проблеми преку услуга која е достапна на општинската веб страна. Kако што информираат од Општина Струга лансирана е нова опција за пријавување на проблеми кои се однесуваат на инфраструктура, јавно осветлување, хигиена и чистота, јавен ред и безбедност, како и други прашања од јавен интерес.
Пријавувањето на проблемите овозможува побрза и поефикасна реакција од страна на општинските служби и придонесува кон создавање на подобра, побезбедна и пофункционална заедница за сите. Ве повикуваме активно да ја користите оваа можност и да придонесете за подобрување на квалитетот на живот во нашиот град, посочуваат од Општината.
OhridNews












