Стружани упатуваат сериозни забелешки на работата на инспекциските служби, кои како што посочуваат одредени граѓани, го толерираат незаконското работење.

– Во Струга не не’ иритира рашетаноста на инспекторите сега за кратко па ќе ги нема цело лето. Повеќе не загрижува тоа што има  објекти каде не влегува никаков инспектор ниту пак тие издаваат фискална сметка. – стои во дописот на незадоволни граѓани испратен до нашата редакција.

Граѓаните кои законски вршат дејност се надеваат дека надлежните инспекции ќе ја прошират контролата и на објектите каде не се издаваат фискални сметки, со што ќе ги заштитат од нелојална конкуренција.

OhridNews