Стружани се жалат дека „скутерџиите“ на вода веќе неколку денови дивеат по плажите крај струшкото крајбрежје.
Семејството Попоски, информира дека несовесните управувачи на скутери во попладневните часови ги малтретираат капачите на плажата „Дрим“ во Струга.
Тие велат дека случајот е пријавен во Капетанијата во Струга и Езерската полиција во Охрид, а се надеваат дека надлежните ќе излезат на терен и навремено ќе го решат проблемот.
OhridNews