Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напуштање немоќно дете”, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 33-годишна жена од Струга.

Како што информираат од СВР Охрид, пријавената, казненото дело го сторила на десетти октомври минатата година со запоставување на својата родителска должност и со напуштање на своите четири малолетни деца.

Тоа го направила со намера трајно да се ослободи од нив по што заминала од семејниот дом.

OhridNews