Од МВР информираат дека вчера, околу 15 часот во Полициската станица Центар во Скопје, 23-годишна стружанка пријавила дека истиот ден околу 10.45 часот на улица „Македонија“ била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница.
Истиот ден, во 21.20 часот во Полициската станица Аеродром, 49-годишна скопјанка пријавила дека истиот ден околу 15.00 часот на булевар „АВНОЈ“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога.
OhridNews