30-годишна стружанка, вчера, пријавила насилство од страна на 36-годишно лице од тетовското село Копачиндол, со кого била во љубовна врска. Според пријавата, околу 16.20 часот, по вербалната расправија, пријавениот физички ја нападнал жената, по што таа со такси возило е пренесена и задржана во тетовската клиничка болница за понатамошно лекување.  

Се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews