Времето денеска ќе биде сончево, утрото студено, преку денот потопло. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер. Најниска температура утрово е измерена во Берово -7 степени Целзиусови, а во Охрид околу нулата. Максималната температура во Охридско денеска ќе достигне до 14 степени.
Во петок ќе има зголемување на облачноста, а во вечерните часови ќе има услови за слаб локален дожд, особено на северот. Потоа ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со температури во рамките на просекот, информира УХМР Македонија.
OhridNews












