Студено утро со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини и речни долини и претежно сончево со слаб ветер од јужен правец во текот на денот, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Охрид во 7 часот измерени беа 2,1 степен Целзиусов. Во текот на денот ќе биде сончево со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 14 степени.

Од вторник, особено долж Повардарието, ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а утринската температура значително ќе се зголеми. Од среда во пораст ќе биде и дневната температура, соопшти УХМР.
OhridNews












