Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, претпладне со повремени локални врнежи од снег, попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Максималната температура во Охрид ќе достигне 3 степени.
Во понеделник не очекува променливо облачно и студено време со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура во Охрид ќе се спушти до -9 степени, а максималната ќе се движи околу нулата.
Г.М.












