Студент направил фотографии од работ на вселената со евтина камера и балон
10.09.12 00:12
19 годишниот Адам Кудворт успеал да ги направи неверојатните фотографии од работ на вселената користејќи балон и евтина камера. Тој во овој проект вложил 40 часа работа, а направил кутија во која освен камерата поставил GPS предавател и микропроцесор.
Тој во четвртокот го пуштил балонот кој за два и пол часа бил на работ на стратосферата на висина од 32 километри.
“Сакав некаков предизвик па одлучив да го направам овој проект. Пред неколку години прочитав за човек кој го направил истото, па се одлучив да дадам се од себе за да добијам подобри резултати од неговите. Некои луѓе мислат дека во овој проект имам вложено многу пари но вистината е дека вложив само 200 фунти и неколку дена работа ” изјавил младиот Адам.
Несекојдневно е да се наиде на шише вода продадено за 52650 евра Сепак, овој „еликсир“ за богатите наречен „Аква ди кристало трибуто“ (Acqua di Cristallo Tributo), со помалку од еден литар тежина, ...
Сопственикот на платформата OnlyFans, Леонид Радвински, бизнисмен од украинско потекло, профитирал повеќе од 630 милиони долари Оваа британска стриминг-компанија, позната по содржините објавувани о...
Ѕвездата на „Невозможна мисија“ и „Топ ган“ – Том Круз го украде вниманието на официјалното свечено затворање на овогодишните Олимписки игри во Париз синоќа Глумецот, со своите 62 години, се ...