Дваесетгодишниот холандски студент Yde Van Deutekom одлучи да се збогати спиејќи. Кажува како во животот е добар единствено во спиење и дека сака луѓето да му плаќаат за тоа.


Од кревет станува само кога оди во тоалет или кога оди нешто да зготви и јаде. Заработува така што продава огласен простор на страната на која може да се гледа неговото излежување.

До сега неговиот сајт го имаат посетено 457.982 луѓе, а има заработено нешто повеќе од 16 000 долари. Во кревет има поминато 49 дена, од кои 48 дена и 5 часа ги има преспиено. И нема намера да стане од креветот. А и зошто би ???

За да погледнете што прави Yde во моментов кликнете тука.