60 волонтери, меѓу кои и студенти од Охрид, беа дел од традиционалното, 9-то по ред одржување на проектот „СОС Дедо Мраз“, што се реализира од студентите од Македонската Асоцијација на Студенти по Медицина (ММСА) при Медицинскиот Факултет во Скопје.

Во текот на изминатите 10 дена, во два супер маркети во Скопје, доброволно се собираа продукти од страна на граѓаните кои понатаму се искористија за правење на рекордни 1106 новогодишни пакетчиња. Пакетчињата првенствено се наменети за дечињата хоспитализирани на Клиниката во Скопје, но со оглед на големиот број, дел ќе бидат донирани и во хуманитарни цели.

Се работи за проект кој освен во Македонија се одржува и на глобално ниво од страна на студентите-идни лекари.

OhridNews