Со низа активности ширум универзитети во Македонија, ќе се одбележува Интернационалниот ден на студентите, 17-ти декември.  Она што најмногу ги засега студентите се условите за студирање, а целта е подобрување на статусот на оваа група граѓани во општеството.


По тој повод, ден порано на Филозофскиот факултет во Скопје, студентите и универзитетските професори ќе дебатираат за проблемите со кои секојдневно се соочуваат. Покрај трибината на темата „Што значи да си студент денес“, предвидени се и проекции на филмови. Исто така, во рамките на овој настан ќе биде презентирано студентското списание „Излез“, а во холот на факултетот ќе бидат изложени фотографии и текстови за студентите во 1970 година во Скопје.

Инаку,  од 1941 година, овој ден се одбележува насекаде во светот, како ден на студентскиот активизам, а во голем број европски земји се организираат масовни протести за подобрување на условите за студирање.

OhridNews