Студентите од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид го освоија првото место на турнирот УКЛО – Битола. На турнирот учестуваа 12 факултети, а студентите од Охрид без пораз стигнаа до златниот медал.


Во финалниот меч екипата од Факултетот за туризам и угостителство го совлада тимот на Економскиот факултет од Прилеп по изведување на пеналите (4-3). Регуларниот дел од натпреварот заврши без победник 4-4.


Охриѓани во одлично светло се прикажаа и на студенските игри Туризмијада 2012 во Башко Поле, Хрватска. Туризмијадата се одржа по петти пат, а учествуваа повеќе од 600 студенти од факултетите во областа на туризмот од регионот. Факултетот за туризам и угостителство на Туризмијадата учествуваше со 25 студенти и ги постигна следниве резултати :


1.    Место Фудбал во машка конкуренција
1.    Место Кошарка во женска конкуренција
1.    Место Ракомет во женска конкуренција
1.    Место Пинг Понг ( Јован Симончески)

Факултетот за туризам и угостителство од Охрид го освои првото место во генаралниот пласман на Туризмијадата 2012.

Мх.П.