Со овој меморандум ќе се овозможи размена на искуства, технологии и експертска помош, кои можат да се користат во рамките на комерцијализација на знаењето, иновациите и претприемништвото.
Инаку, меморандумот е потпишан во рамките на економската турнеја на владината делегација во САД, предводена од премиерот Никола Груевски, на која беа претставени можностите за отворање и водење бизнис во државава, со цел привлекување на идни инвеститори.