Со цел да го изкажат својот револт од планираното воведување на екстерно тестирање во високото образование, студентите денеска повторно ќе излезат на протести во Скопје. Според најавите, студентскиот марш ќе започне во 12 часот на платото пред УКИМ, а од Студентскиот Пленум очекуваат како поддршка на маршот да се приклучат и професорите, средношколците и останатите граѓани.

Во знак на протест против екстерното тестирање, неколку илјади студенти излегоа на студентски марш и на Меѓународниот ден на студентите 17-ти ноември 2014 година.

Иаку министерот за образование Абдилаќим Адеми изјави дека Министерството за образование го подготвило предлогот за државен испит на факултетите и се очекува Владата за него наскоро да расправа. Тој уверува дека со ова студентите не се ставаат пред свршен чин, затоа што дури и да го усвои Владата, предлогот ќе оди на јавна расправа. Тој е уверен дека процесот, онака како што е замислен нема негативно да се одрази на образовниот процес. Испитот се предлага да се полага два пати – на крајот на втора и на завршна година од студиите, а оценувањето ќе го врши Одборот за акредитација. Прашањата ќе бидат јавно достапни, а бројот на полагања неограничен, со тоа што првите три пати полагањето ќе биде бесплатно.

OhridNews