Денеска на Градежниот Факултет во Скопје, активисти на две здруженија од балканските земји ќе ги споделат искуствата во борбата за бесплатно образование и слободен универзитет.

На трибината, активистите на здруженијата „Аутономни студенти “ од Ријека и „Независна студентска инцијатива ФМУ“ –  Белград ќе говорат за нивното организирање во матичните земји и се посилното чувствување на неолибералните мерки во земјите од ЕУ.


Оваа есен во Белград, дури четири факултети беа под студентска „окупациија“ како метод за остварување на барањата на студентите. Нивните колеги од Ријека, на неколку наврати се мобилизираа преку протести против приватизацијата на универзитетите и плаќањето во висообразовните институции. Додека во земјава, последните студентски протести се случија пред нешто повеќе од две години, кога студентите бараа укинување на партиципациите во државните универзитети.

OhridNews