На 28-ми септември во Загреб, Хрватска ќе биде промовиран Арбанашко-Албанско-Хрватски речник на зборови кои ден денес ги користат староседелците Арбанаси од околината на Задар.

Имено, се работи за популација која ја сочинуваат доселеници од Албанија од околината на Скадар, кои совршено го зачувале стариот гегски јазик, кој значајно се разликува од денешниот и кој јазик заедно со тоскскиот дијалект го сочинува Албанскиот литературен јазик.

-Овој речник го подготви д-р Круно Крстиќ, Арбанец од Задар, добар познавач на арбанашкиот јазик, стар албански јазик, онака како што зборувале старите Арбанаси кои од Албанија своевремено се преселиле во Хрватска. Тој го издаде речникот на Арбанашки јазик во 1987 година, а јас сега го преведов на Албански и го дополнив со Хрватски за да може да се толкуваат зборовите, меѓу кои има доста оригинални зборови со гегски дијалект од околината на Скадар од каде арбанасите пред повеќе од три века се преселиле во околината на Задар, каде и ден денес живеат. Овој речник ќе биде доста корисен како за историчарите, така и за лингвистите, изјави авторот на речникот, новинарот од Струга Мехмед Латифи.


Мехмед Латифи

Покрај во Загреб, речникот ќе биде промовиран и во Задар, како и во Македонија.

OhridNews