Уругвајскиот репрезентативец Луис Суарез дебито во дресот на Барселона ќе го има на дербито со Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ в сабота во 18 часот.
Суарез, кој летово ја засили екипата на Барселона од Ливерпул за рекорден трансфер ќе биде во составот за мечот со „кралевите“.
Уругваецот ја одлежа суспензијата од четири месеци која му ја додели ФИФА за гризнувањето на Џорџо Киелини на Светското првенство во Бразил.
Мх.П.