Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез водеше жестоки битки со дефанзивците на Атлетико Мадрид во дербито меѓу двата тима кое заврши без победник 1-1.
После мечот левиот бек на „јорганџиите“, Филипе Луис на социјалните мрежи постави слика од своето разрането стопало обвинувајќи го Уругвацет за груба игра.
Суарез не чекаше премногу и со иста мера му возврати на противникот. – Фудбалот е игра за машки. Се што се случува на теренот останува таму. Немој секогаш да правиш непотребен циркус од тоа што се случува на теренот. Ти повторувам, фудбалот е игра за машки.
По многу борба на теренот екипите ги поделија бодовите, а настрада Меси кој поради повреда на мускулот ќе паузира три недели.
OhridNews