Најскапото засилување во историјата на Барселона, Луис Суарез постигна два погодоци во победата на втората екипа од Барселона над селекцијата до 18 години на Индонезија.
Суарез сеуште ја одлежува казната добиена од ФИФА за гризењето на Џорџо Киелини на мечот меѓу Уругвај и Италија на Светското првенство во Бразил. За уругвајскиот репрезентативец ова беше прв официјален натпревар во дресот на каталонците.
Покрај контроверзниот фудбалер за Барселона погоди македонскиот репрезентативец Давид Бабунски и летното засилување Томас Вермален.
Мх.П.