Уругвајскиот репрезентативец Луис Суарез минатото лето за 80 милиони евра направи трансфер во Барселона од редовите на Ливерпул.


Но, пред да биде официјализиран договорот со каталонците понудата до голгетерот испратил Реал Мадрид.

– Со Реал Мадрид имав и некои контакти и бевме пред финален договор. Но, кога слушнав дека Барселона има понуда за мене прекинав со Реал Мадрид и прифатив да се преселам на Ноу Камп. Од секогаш ми беше сон да играм за Барселона и не се двоумев за мојата одлука. – рече Суарез.

Токму Суарез беше творец на победата за Барселона во „Ел класико“ против Реал Мадрид постигнувајќи го голот за победа (2-1).

– Многу сум задоволен од првата моја сезона во Барселона. Екипата игра многу добро, а јас помагам во постигнувањето на головите што е важно за еден напаѓач. Сакам да постигнувам голови, но ми годи и да играм за екипата, која победува. – додаде Суарез.

Тој пред завршување на кариерата сака да одигра уште еден натпревар за Ајакс и за неговиот матичен клуб Национал.

Мх.П.