Селекциите на Бразил и Уругвај ги поделија бодовите во дербито од петтата рунда во мундијалските квалификации за Русија ремизирајќи 2-2.
„Кариоките“ во транс ги фрлија своите навивачи откако со погодокот на Даглас Коста поведоа уште во првата минута. За тотално „лудило“ се погрижи Ренато Аугосто со вториот погодок за домаќините.
Сепак, шампионот на Копа Америка не потклекна и со голот на Едисон Кавани во 32-та минута се врати во игра за реми. Во 48-та минута повратникот во селекцијата Луис Суарез погоди за егал (2-2) кој на крајот се покажа конечен резултат.
Уругвај и Бразил со освоениот бод во меѓусебната пресметка стигнаа до 10-от односно 8-от и ги задржаа високите позиции на табелата.
OhridNews