Лидерот на табелата во шпанската Примера, Барселона ја задржа предноста во однос на конкурентите со триумфот над Виљареал (2-1) во претпоследниот меч од 15-та рунда.

Каталонците отпорот на домашниот состав го скршија во второто полувреме благодарание на Луис Суарез и Лионел Меси. Уругваецот во вистински момент проработе и постигна погодок, а Аргентинецот ја запечати победата.

На врвот Барселона има четири бодови повеќе од второпласираната Валенсија, шест од Атлетико Мадрид и осум од актуелниот шампион Реал Мадрид.

Резулати: Реал Сосиедад – Малага 0-2, Реал Бетис – Атлетико Мадрид 0-1, Леванте – Атлетик Билбао 1-2, Виљареал – Барселона.

OhridNews