Соиграчите од Барселона, Нејмар и Луис Суарез се обложија пред мечот Бразил – Ургувај во рамките од квалификациите за Светското првенство во Русија.
Напаѓачите од Ноу Камп се обложија на хамбургер односно кој ќе изгуби доцна во ноќта сабота кон недела ќе плати и за другиот.
За уругвајскиот репрезентативец ова ќе биде прв меч за селекцијата по Светското првенство во Бразил откако му истече суспензија од ФИФА.
Суарез беше казнет поради гризнувањето на Џорџо Киелини на мечот меѓу Уругвај и Италија по прегледувањето на снимките.
Пред мечот од петтата рунда Уругвај има два бодови позитива во однос на Бразил кој се наоѓа со седум бодови на третата позиција.
OhridNews