Фудбалерите на Барселона ја задржаа предноста од шест бодови во однос на Атлетико Мадрид на врвот од табелата во Ла Лига, откако со 4-0 го совладаа тимот на Депортови ла Коруња.

Творци на победата на каталонците беа Луис Суарез и Паулињо кои постигнаа по два голови. Уругваецот погоди за 1-0 во 29-та минута, пред крајот на првото полувреме Паулињо зголеми на 2-0. По истиот редослед во второто полувреме двајцата фудбалери постигнаа нови голови за конечна победа.

 

Натпреварот на Ноу Камп го одбележа Лионел Меси кој пред почетокот ја доби „златната копачка“ за најдобар стрелец во 2017 година. Аргентинецот не успеа со гол да ја круниса награда, откако не реализираше пенал во 70-та минута од мечот. 

OhridNews