Уругвајскиот репрезентативец Луис Суареаз со две асистенции беше творец на победата на Барселона на гостувањето кај Алмерија 2-1.
Домаќините имаа предност 1-0 од 37-та минута, но разиграниот Суарез асистираше прво до Нејмар, а потоа до Жорди Алба за конечен триумф.
Резултати : Алмерија – Барселона 1-2, Гетафе – Елче, Реал Мадрид – Рајо Ваљекано, Селта Виго – Гранада, Малага – Еибар.
Мх.П.