Актуелниот шампион во Ла Лига, Барселона експресно им се врати на победите по ремито со Реал Мадрид во дербито, совладувајќи го тимот на Осасуна со 3-0.


Каталонците, во вториот дел ја осигураа победата во Памплона, откако домаќинот оддолеваше на нападите во првото полувреме.

Клучен фактор во триумфот одигра Жорди Алба кој одлично асистираше за Луис Суарез и Лионел Меси за првите голови. Меси реализираше уште во 90-та минута од натпреварот.


Со трите бодови Барселона ја намали предноста на Реал Мадрид на три бодови, но „кралевите“ имаат меч помалку.

OhridNews