Уругвајскиот репрезентивец Луис Суарез пред месец дена се врати на терените по суспензијата од ФИФА за гризнувањето на Џорџо Киелини на Мундијалот во Бразил.


Тој беше суспендиран четири месеци на клубско ниво, а суспензијата сеуште му трае на репрезентивен план откако беше санкциониран со девет натпревари.

– По сите тие случувања ми беше потребна помош од психолог, кој нема да дозволи да ми падна самодовербата. Ми се насобраа повеќе проблеми, а и медиумите си одиграа своја улога со разно разни текстови за мене – рече Суарез.

Во тој период Суарез за рекордни 80 милиони евра се пресели на Ноу Кам од Енфилд – Новиот клуб ми помогна многу. Прво ме изолираа, а работеа со мене како да играм и на мечевите – додаде Суарез.

Уругваецот покрај одличната сезона во Премиер лигата не беше номиниран од ФИФА за идеалниот тим на годината.

– Не ме вклучија во изборот бидејќи направив грешка на Мундијалот иако одиграв одлично. И многу други играчи не покажаа ништо на Светското првенство, но се најдоа во изборот за тимот на годината. Тоа секако ме боли затоа што имав сезоната за паметење во дресот на Ливерпул – заврши Суарез.

Ohridnews