Уругвајскиот репрезентативец Луис Суарез на „Ноу Камп“ пристигна во 2014 година од Ливерпул, а во минатата сезона беше еден од најзаслужните за тројната круна која ја освои Барселона.
Оваа сезона тој игра уште подобро, веќе има постигнато 43 гола во сите натпреварувања, а Барселона и понатаму е во конкуренција за освојување на трофеите во Лигата на шампионите, шпанското првенство и Купот на Кралот.
„Сонував да играм за Барселона, но мислев дека не сум доволно добар да бидам ’деветката’ на Барселона. Секогаш сонувате да играте со најдобрите, а токму тоа сега го правам со Меси, Нејмар, Иниеста, Бускетс и останатите“, рекол Суарез.
Уругваецот истакнува дека добриот однос кој го имаат тројцата напаѓачи е клуч за успешните резултати на тимот.
„Не е важно кој ги постигнува головите, важно е тимот да игра добро. На сите ни е јасно дека целта е тимот да победува. Сите сме среќни, но постои љубомора помеѓу мене, Меси и Нејмар“, дополнил Луис Суарез, кој заедно со останатите двајца (Меси и Нејмар) ќе го предводи нападот на Барселона на дербито со Реал кое на програмата е в сабота, во Барселона.
OhridNews