„Пуленот на македонскиот премиер индискиот милијардер Субрата Рој да ти бил криминалец во сопствената земја“, пишува магазинот „Граѓански“, пренесува телевизијата „Телма“.

Во сторијата пишува дека врховниот суд на Индија го осудил Субрата Рој поради неговите финансиски малверзации.Тој сега мора да им врати 4,5 милијарди долари на околу 30 милиони измамени граѓани. Информацијата за пресудата како и сторијата за случајот како што се наведува во „Граѓански“ ја објавила агенцијата Ројтерс за која компанијата на милијардерот одбила да даде изјава.

Пресудата како што се наведува, индискиот Врховен суд ја донел на 31 август годинава во која категорично им наведува на двете фирми на Рој во рок од 3 месеци да ги вратат парите на измамените грагани кои им ги зел преку продажба на конвертибилни обврзници под превезот на приватни инвестиции.

Бизнисменот Субрата Рој и беше преставен на македонската јавност како милијардер кој решил да инвестира во Македонија. Тој отвори и фирма во земјава „Сахара глобал ком“ и најави дека ќе направи Лас Вегас во Македонија и многу други инвестиции. Меѓу потенцијалните места за инвестирање беше споменуван и Охрид.

OhridNews
Извор: „Тв Телма“