Индискиот милијардер Субрата Рој, денеска ја потврди првата инвестиција на охридската ривиера. Тој кажа дека во негова сопственот преминал хотелот „Славија Спектар“, каде ќе бидат сместени архитектите и инженерите и другите членови на тимот кој ќе работи на изградба на супер луксузниот туристички комплекс „Сахаријан Македонија“ во Љубаништа.
Како вистински бизнисмен, Субрата Рој не ја откри сумата за која го купил охридскиот хотел, а дел од медиумите денеска нагаѓаа дека се работи за сума од неколку милиони евра.
Индијците ја разгледаа првата инвестиција во Охрид
Инаку, како што објави OhridNews, индискиот милијардер вчера непосредно по слетувањето во Охрид го посетил хотелот „Славија“, кој сега е во негова сопственост.