Индискиот милијардер Субрата Рој не се откажува од Охрид. Како што пренесува А1он, повикувајќи се на изјавата на новиот охридски градoначалник Никола Бакрачески, индиските инвеститори остануваат на намерата да инвестираат во балканскиот Ерусалим

Индиските инвеститори се сериозни во нивните намери и тие не отстапуваат од нивната намера заеднички со Владата на Македонија и во оној дел каде има ингеренции локалната самоуправа да создадеме предуслови конечно да почне да се реализира таа замисла која ќе биде од фундаметално значење за развојот не само на Охрид туку и на цела Македонија.“ – вели Бакрачески за А1он.

Неодамна, странските и домашни медиуми објавија дека индискиот суд ги замрзна сите сметки и имотот на компанијата „Сахара груп“, како и личните банкарски сметки на нејзиниот сопственик Субрата Рој, поради долгови кон индиските граѓани во висина од три милијарди евра.

Инаку, проектот кој треба да го реализира групацијата на милијардерот Субрата Рој „Сахара Индија Паривар“ во Љубаништа, предвидува изградба на суперлуксузен хотел – казино на вода, како и апартмани, вили, марини, голф терени и други пропратни објекти кои според најавите на инвеститорот ќе придонесат градот да стане светска туристичка дестинација.

OhridNews