Во интервју за Утрински весник индискиот милијардер Субрата Рој за проектот во Љубаништа вели дека во моментов фокусот е ставен на првата фаза-добрата маркетинг-стратегија, со цел да се привлечат  голем број туристи од странство.

Во однос на искажаната загриженост на  УНЕСКО и реакциите на Македонската православна црква, која поседува земјиште во Љубаништа, локалното население и албанската влада, Рој вели дека не знае многу детали околу тоа, но дека неговиот  тим сигурно ги знае сите поединости околу реакциите.

Што се однесува до УНЕСКО, ние ќе се однесуваме како одговорни граѓани на оваа земја и ќе ги почитуваме сите одлуки. Ако има потреба, ќе бараме и насоки од УНЕСКО и ќе се раководиме според нив. Црквата, пак, е многу важно место за сите, па дури и за мене. Со еден збор, не треба да има никакви недоразбирања околу проектот. Тој не треба да биде добар, треба да биде перфектен. Она што ќе го изградам ќе им го оставам на луѓето од Македонија и затоа сите треба да имаат бенефити од проектот и да се донесат вистинските одлуки. Тоа што е добро за земјата, добро е и за нас, изјави Субрата Рој.

OhridNews

извор: Утрински весник