Индискиот милијардер Субрата Рој доцна, синоќа, пристигна во Скопје каде ќе учествува на Сахара балканскиот мировен фестива, што треба да започне утре, а на кој се најавува и учеството на поранешниот британски премиер, Тони Блер.
Како што пренесува Канал 5, по пристигнувањето Рој изјавил дека Македонија е вистинското место за одржување на фестивалот.
– Многу сум среќен што сум овде и што овде почнува Балканскиот мировен фестивал. Ова е вистинското место за одржување на на фестивалот, и се надевам дека ќе стане традиција и ќе се оджува секоја година. Со овој фестивал Македонија ќе влезе во историјата – изјави доцна синоќа Субрата Рој.
OhridNews