Индискиот бизнисмен Субрата Рој следната недела доаѓа во посета на Македонија, јави телевизија „Сител“.
Со претставници на владата во среда и четврток ќе престојува во Охрид и Скопје и ќе ги разговара деталите за туристичкиот комплекс во Љубаништa, намерата за изградба на објектот посветен на Мајка Тереза на скопксиот плоштад, како и за други можни инвестиции.
Ова ќе биде трета посета на челникот на Сахара груп на Македонија.
извор:„Сител“