Индискиот бизнисмен Субрата Рој сакал роденденот догодина да го слави во„Penthouse“, јавува порталот Фактор повикувајќи се на неофицијални информции од владини извори. Како што пишува овој портал, Рој од своите, но и од македонските архитекти барал да издигнат уште 7 метри над денешната највисока точка на хотелот Славија кој индиецот го купи во Охрид и на покривот да се изгради застаклен, луксузен апартман кој би требало да биде готов до јуни следната година.
Неофицијалните извори од Владата, а блиски до индискиот бизнисмен, за Фактор објаснуваат дека Рој имал низа барања за тоа како сака да го реновира хотелот Славија. Покрај луксузните апартмани и градина на покривот од хотелот, Рој сакал да има надворешен застаклен базен кој ќе зафаќа неколку ката од хотелот. Од македонските архитекти најверојатно ќе се бара и луксузно уредена градина на покривот од хотелот, како и луксузно партерно уредување.
Во сторијата уште се наведува дека за роденденската забава предвидено е пиење шампањ за 70-тина луѓе во воздух, во хелиумски балон.
Во близина на хотелот Славија, Субрата Рој најави дека ќе гради марина, луксузен голф терен, конференциски сали, шопинг центри…
OhridNews
извор:„Фактор“












