
Според огласот, субвенциите во висина од 5.000 евра ќе се доделуваат за кофинансирање на 75% од докажаните трошоци за набавка на опрема и алат, стручно оспособување-обуки за дизајн на нови производи, дизајн на амбалажа, маркетинг, уредување на продажниот простор, подобрување на квалитетот на постојаните производи и воведување на нови технологии за производство.
За кофинансирање ќе се признаваат само трошоците направени во периодот од 1-ви јануари 2012 година до 1-ви ноември 2012 година, кога е и крајниот рок за аплицирање.
Подетални информации за начинот на аплицирање може да се добијат на веб-страницата на Министерството за економија на Република Македонија.












