Сообраќајна незгода се случи вечерва на булеварот „Туристичка“.
Според првичните информации кои ги добивме од портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски, патничко возило, од засега непознати причини, удрило во паркиран автомобил на коловозната лента.
На местото на настанот извршен е увид, а поради сообраќајката, извесен период не беше дозволено движење на потегот од Гимназија до кружното кај спортскиот центар.
Г.М.